Како се лекува?
Во нашата ординација ги следиме најновите третмани и методи на лекување на сите видови гингивитис и пародонтоза. Терапијата зависи од видот и етиологијата на болеста.
Редовно чистење на забниот камен е основната превенција од брзо напредување на болеста. Тоа е ултразвучно отстранување на тврдите забни наслаги, по што следи полирање со PROPHYFLEX паста. Третманот продолжува со механичка обработка на пародонталните џебови. На тој начин се отстрануваат и меките наслаги, бактерии и гранулации.
Во стоматолошката ординација Денталика ке ви биде објаснето како да ја оддржувате оралната хигиена - изборот на четка и паста за заби, начинот на четкање на забите, употреба на дентален конец, течност за испирање, интердентални четчиња кои ке ви помогнат да избегнете гингивитис.